Старото училиште во Љубојно ќе се преадаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик
Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно ќе биде адаптирано во Центар за промоција на македонскиот јазик. Информацијата за изработка на проект за реконструкција и ревитализација на училиштето била разгледана денеска на редовната 119-та седница на Владата.
– Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик, соопшти владината прес-служба.
Министерството за култура е задолжено да ги преземе сите натамошни активности за адаптација на училиштето „Димитар Влахов’’ во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик.
17.01.2023 - 15:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа