Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава 12,9 проценти

Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава изнесува 12,9 проценти, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. 

Според објавените податоци, во овој период евидентирани се 788.909 лица како активно население од кои 
687.351 се вработени, а 101.558 невработени.

Стапката на активност во овој период е 52,1, а стапката на вработеност 45,4.

07.06.2024 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега