ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби
ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани.
„И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ.
Главнината од домашните медиуми, со неколку отстапки, го испочитуваат договорот и се придржуваа до насоките и информираа коректно, но неколку странски медиуми се обидоа да привлечат гледачи и читатели на најнепримерен начин.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осудува постапките на дел од медиумите и смета дека со начинот на информирање (преноси во живо) ги нарушија стандардите за етичко новинарство и дополнително ја зголемија болката кај погодените, но и кај публиката.
ССНМ уште еднаш ги замолува претставниците на медиумите, и во следните денови на жалост, да ја остваруваат својата основната улога, да информираат, но да бидат внимателни со чувствата на граѓаните и да ги почитуваат етичките кодекси“, стои во соопштението на ССНМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа