ССМ: Минималните трошоци на едно семејство во февруари биле 50 909 денари, речиси 15 000 денари повеќе од лани
За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во јануари годинава му биле потребни 50 909 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува ССМ, најголем дел или 19 379 денари се трошат за храна и пијалаци, а 13 306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3 679 денари, а за хигиенски производи 3 154 денари.
Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.
Ако оваа сума се спореди со минималната потрошувачка кошничка пресметана за февруари 2022 година, тоа значи дека трошоците што ги има едно четиричлено семејство за една година се зголемиле за речиси 15 илјади денари. Во февруари минатата година ССМ пресмета дека минималната синдикална кошничка изнесува 36 146 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа