Српскиот музичар Ѓорѓе Давид не смее да ја напушти Македонија, определени му се мерки на претпазливост

По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на музичарот Ѓорѓе Давид кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост - привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот, информираат од Јавното обвинителсво во Скопје.

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи викендов во Македонија, тој прегази жена која била на автопатот откако веќе била учесник во друга сообраќајна несреќа.

Несреќата се случи во саботата доцна.

 

22.01.2024 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега