Српски полицајци во Охрид за летната туристичка сезона

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија од 19 до 30 август ќе престојуваат во Охрид, како дел од полициската соработка за време на летната туристичка сезона, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

-Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за соработка во текот на туристичката сезона, тројца полициски службеници од општа надлежност и еден службеник криминалистичката полиција на МВР на Србија секојдневно ќе работат со колегите од Република Северна Македонија за време на нивниот престој во Охрид, се наведува во соопштението на српското МВР.

Граѓаните на Република Србија кои престојуваат во Охрид во наведениот период можат да контактираат со полициските службеници за информации и помош на следните телефонски броеви: Службеникот за криминалистичка полиција: +381 66 878 3223; униформирани полициски службеници: +381 66 878 3242; +381 66 878 3241 и +381 66 878 3224.

Овој вид на полициска соработка беше договорен при официјалната посета на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, кој од 25 до 26 јули годинава престојуваше во Република Србија

20.08.2024 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега