Средба Муцунски – Клаин - Разменети мислења за регионалните случувања и за актуелните надворешно – политички теми

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин. 

Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока.

На средбата, министерот Муцунски истакна дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.

Двете страни, се осврнаа и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците разменија мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми.

01.07.2024 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега