Средба Ахмети-Брнс: Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во спроведувањето на важните реформи

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс.

Ахмети и пренесе на амбасадорката Брнс дека успешната соработка со Соединетите Држави ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на заедничките цели со Република Македонија.

Во оваа прилика, Ахмети и се заблагодари на амбасадорката Брнс за медицинската помош што САД и ја доделија на Македонија за да се справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Лидерот на ДУИ, Ахмети и американската амбасадорка Брнс, исто така разговараа и за достигнувањата на Република Македонија во евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија, како и патот на земјата кон ЕУ.

Претседателот Ахмети го поздрави и Договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето на Хезболах како терористичка организација.

На крајот на овој состанок, амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во спроведувањето на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите непристрасно и независно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега