Србија од утре почнува вакцинација на доброволци

Србија од утре ја почнува вакцинацијата на првите 1.000 граѓани кои доброволно се пријавиле, а имаат над 75 години.

Според властите, старосните критериуми одличиле кои ќе имаат приоритет.

-Во прашање се лица постари од 75 години кои изразија интерес за вакцината. Ќе бидат вакцинирани граѓани ширум Србија, истакна денеска министерката за социјала, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Вели дека во наредните денови ќе биде одредена динамиката на вакцинација и на останатите граѓани кои самите се пријавиле за вакцинација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа