Спасовски: За 50% зголемена ефикасноста на полицијата во откривање корупција годинава

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостувајќи на ТВ Клан, истакна дека откако е преземена власта во 2017 година, не постоеше никаков механизам за започнување на финансиски истраги и конфискација на имот на тоа што е стекнато на незаконит начин.

„Во тој период сме имале само три случаи на конфискација на имот, зборувам од 1990 до 2020 година. Сега имаме паралелни финансиски истраги, формиравме посебен Оддел за финансиски истраги во рамките на Одделот за организиран криминал и корупција. На тоа сме насочени да работиме заедно со Јавното обвинителство. Формиравме Национален центар за борба против организиран криминал со седиште во МВР, во коешто се повеќе институции, заедно се работи и тие ги даваат резултатите и ефектите”, рече министерот Спасовски при што истакна дека оваа година се преземаат паралелни истражни дејствија и финансиски истраги.

Во делот на откривачката функција на МВР во борбата против корупцијата, министерот Спасовски истакна:

„Оваа година имаме зголемување за 50% во делот на ефикасноста на откривањето на корупцијата", рече министерот Спасовски

15.12.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега