Спасовски од Талин: Преку соработка до безбедност за сите
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски работниот престој во Естонија денеска го заокружи со посета на македонската амбасада во Талин, каде што домаќин беше амбасадорот во Амбасадата на Република Северна Македонија, Драган Јордановски којшто изрази огромна благодарност и задоволство од реализираната официјална работна посета на МВР Естонија.
„Спасовски и амбасадорот Јордановски заклучија дека дека работната посета помина во убава пријателска атмосфера со естонските домаќини и дека формализирањето на еден ваков договор за полициска соработка ќе претставува чекор напред што ќе отвори нови можности и идеи за размена на искуства на нашите полициски служби.
Пред посетата на македонската амбасада во Талин, министерот Спасовски оствари посета на Одделот за полиција и гранична стража при естонското МВР, како и на естонската Академија за безбедносни науки“, соопштија од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа