Спасовски на средба со претставници од Советот на амбасадори со седиште во Скопје

 

 

Министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателот на Советот на амбасадори со седиште во Скопје, Мухамед Халили и членови на Здружението на Советот на амбасадори.

Халили упати благодарност до министерот Спасовски за денешнава средба информирајќи го околу активностите на Здружението на Совет на амбасадори, кое претставува доброволно и невладино здружение на граѓани формирано со слободно здружување на дипломатите.

Здружението помага преку советодавни и други форми на дејствување во креирање и остварување на политики од областа на надворешната и меѓународна политика вклучително НАТО и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија. Тој побара од министерот Спасовски поддршка и заедничка соработка околу идните проекти кои ќе бидат предложени од нивна страна.

Спасовски ги поздрави членовите на Здружението и упати уверување за поддршка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија поврзано со идните планови и проекти во делот на безбедноста.

17.03.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа