Спасовски: Македонски лични документи и патни исправи добиле 214 странски државјани - дел од нив членови на наркокартели

 


Вработени во управните служби на МВР ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски лични документи и патни исправи на странски државјани, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Појасни дека спроведена била истрага на контролори кои ја злоупотребувале службената положба.

-Службените лица делото го извршиле спротивен на постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција за патна евиденција на државјани на РС Македонија со што овозможиле вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет. Како поддршка на криминалната мрежа било и лице кое не поседува службени овластувања, туку е посредник помеѓу барателите на патни исправи со лажен идентитет и службените лица. По пат на меѓународна полициска соработка, преку регионалната канцеларија за безбедност на САД, како и генералниот секретаријат на Интерпол Лион и Интерпол Скопје беше обезбедена поддршка во насока на откривање на вистинскиот идентитет на лицата, појасни Спасовски, додавајќи дека било утврдено дека дел од овие лица биле дел од меѓународни криминални групи, нарко-картели.

За дел од нив имало и меѓународни потерници. Спасовски информираше дека до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица.

-Од кои 9 се приведени и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното Обвинителство и надлежниот суд, рече Спасовски.

Министерот рече дека за време на акцијата се соочиле од опструкции од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

 

-Беа пласирани информации во врска со истрагата со што директно можеше да се загрози сѐ што беше сработено во период од повеќе од една година од нашите полициски службеници, но и од стратешките партнери и Интерпол. Ова е недозволиво, застанување против полицијата и против борбата за правда и одговорност на секој што го прекршил Законот, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2021 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега