Спасовски го честиташе Денот на ромскиот јазик

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, упати честитка по повод 5 Ноември- Светскиот ден на ромскиот јазик.

„Честит 5 Ноември - Светски ден на ромскиот јазик!

Одбележувајќи го 5 Ноември, кој во 2015 година од страна на УНЕСКО беше прогласен за Ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето за негувањето на ромскиот јазик како чувар на ромската традиција, фолклор и култура. На тој начин го јакнеме и збогатуваме нашето Едно општество за сите, бидејќи ромскиот јазик со сите свои специфики е нераскинлив дел од тој наш мултикултурен мозаик.

Токму овој ден укажува на тоа дека препознавањето на сите јазици како еднакви е висок цивилизациски чин, и истиот е дел од нашите напори да ги елиминираме сите форми на дискриминација.

Нека е за многу години 5 Ноември!

Bahtalo 5 Novembro!“, напиша Спасовски.

05.11.2023 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега