Спасеновски: Личниот рејтинг и ставовите се важни, но за партиите секакви опции се можни за претседателски кандидати
Професорот Александар Спасеновски во гостувањето во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител говорејќи за претстојните претседателски и парламентарни избори, а во врска со тоа дека се споменува и неговото име за кандидат за претседател, тој посочи дека е запознаен со фактот дека партиите прават анкети.
„Запознаен сум дека се прават анкети и дека долгата партиска листа се намалува. Сепак, личниот рејтинг и политичките ставови се само дел од критериумите бидејќи партиите при изборот се водат и од други познати и помалку познати варијабли“, рече Спасеновски.
Професорот Спасеновски напомена дека комплексен е начинот на носење на одлуки во партиите во однос на изборот за кандидат за шеф на државата.
„Оттука, а имајќи ги во предвид минатите искуства е дека секакви опции се возможни“, рече Спасеновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа