Сопругата на Јанакиески: Бори се, твоите синови ја заслужуваат правдата

Сања Јанакиески, сопругата на Миле Јанакиески објави видео на фејзбук во знак на негова поддршка и вели дека за среќа секогаш победува правдата и вистината излегува на виделина.

Таа на фејзбук напиша: „Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме. Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!“, стои во нејзината објава.

15.11.2023 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега