Сопругата на Андреј ДНК со емотивна објава за ќеркичката: "Ангелски глас исто како тато"

 

Сопругата на Андреј од ДНК кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде бендот имаше настап кобната вечер на 15 март, кога избувна пожар при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и напиша емотивно стори за својата ќеркичка Јана.

- Ангелски глас исто како тато...уште  поискрен...славеј...напиша таа за ќеркичката.

Претходно, сподели трогателен момент со нивната ќеркичка Јана. 

- „Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе… А и ти ми требаш мене…“, рекла малата Јана, објави Наталија во Инстаграм стори.

Со тага додава „Јана за 7 дена порасна како за 7 години".

Таа и претходно се огласи откако министерот Тошковски рече дека најверојатно некој од бендот ја донел пиротехниката во дискотеката.

„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.

Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателитe“, напиша таа.

 

25.03.2025 - 08:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега