Социјална мрежа стана немилосрдна: Брише профили на екстремисти и теоретичари на заговор
Твитер трајно избриша профили кои се поврзани со екстремните теории на заговор како што е групата „QAnon“ која тврди дека во американската власт и јавност има завера против претседателот Доналд Трамп.
Мерките вклучуваат забрана за пристап на профили кои се поврзани со групата и ќе ги блокира сите споделувања на таквите работи.
Новата политика ќе опфати околу 150.000 профили ширум светот.
Твитер објави дека досега укина повеќе од 7.000 налози поради манипулација, злоставување и други кршења на правата.
Инаку, Фејсбук веќе укина лажни профили поврзани со „QAno“ преку кои се пренесуваше нивната содржина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа