Собраниската седница почна со едноминутно молчење за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија

 

Македонските пратеници денеска, пред почетокот на 103 собраниска седница, им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

На дневен ред на седницата се неколку предлог-одлуки, предлог-закони и предлог-законски измени, како и барања за автентични толкувања. 

По 103. седница, следуваат продолженија на 99. и 84. седница, а потоа, од 15 часот треба да почне и 104. седница на чиј дневен ред е избор на нови членови во Владата. 

13.02.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега