Соборениот претседател на Нигер првпат виден во јавноста по апсењето минатата недела

 

Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, денеска беше виден во јавноста првпат по апсењето поради државниот удар минатата недела.

Според Би-би-си, Базум се сретнал со лидерот на Чад, Махамат Идрис Деби Итна, во нигерската држава Нијамеј како дел од разговорите за ставање крај на кризата.

Западноафриканските лидери ѝ дадоа на воената хунта во Нигер рок од седум дена да се откаже од власта или да се соочи со воена акција против неа.

Деби рече дека тој како посредник е фокусиран на изнаоѓање „мирно решение за кризата што го тресе Нигер“, кој се граничи со Чад.

Тој дојде во Нигер како претставник на западноафриканскиот регионален блок ECOWAS, кој претходно најави дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки за воспоставување уставен поредок“ доколку не се исполнат барањата на блокот.

Од страна на хунтата немаше никакво објаснување за состанокот иако вети дека ќе го брани Нигер од каква било агресија на регионалните или западните сили.

Во неделата демонстрантите пред француската амбасада во Ниамеј извикуваа „Да живее Русија“, „Да живее Путин“ и „Долу Франција“ по што ги запалија ѕидовите на зградата на Амбасадата.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција нема да толерира никаков напад врз нејзините интереси во Нигер и дека ќе одговори.

31.07.2023 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега