Со крадено „порше“ од Норвешка сакал да влезе во Македонија

Полицијата заплени украдено „порше“ на Граничниот премин Свети Наум.

-Вчера во 23 часот на ГП Свети Наум, на влез во РСМ се пријавил Л.Х. (29) од Р.Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки и по извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол. Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

25.08.2024 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега