Со инвестиција од 200.000 евра до македонско државјанство

 

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пренесува Дојче Веле.

„Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање 200.000 евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе“. Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Северна Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) – компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.

„На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се ​​биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји“, наведува Наираметрикс.

Целата вест на Дојче Веле

02.02.2023 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега