Со автоматска пушка пукано кон градоначалникот на Арачиново, повредени се две лица
Денеска во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица, соопшти МВР.
„При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот.
Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“се вели во соопштението на МВР.
01.04.2024 - 16:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа