Снимки и фотографии од нападот врз Москва – два дрона паднаа врз деловен простор, повредено едно лице

 

 

Руските власти соопштија дека три украински беспилотни летала ја нападнале Москва во раните утрински часови во неделата.

За време на нападот едно лице беше повредено, а сообраќајот беше привремено затворен на еден од четирите аеродроми во руската престолнина.

 

Едно од беспилотните летала беше соборено на периферијата на градот, други два паднаа врз канцелариски комплекс.

Чуварот е повреден, јави руската државна новинска агенција „Тасс“, повикувајќи се на службите за вонредни состојби.

„Вечерва нападнаа украински беспилотни летала. Малку се оштетени фасадите на двете кули на градските канцеларии“ – објави на Телеграм градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

30.07.2023 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега