Снегот се врати во Македонија: Еве каде вее во моментов

Слаби врнежи од снег во моментов има на Попова Шапка. Снег провејува и на Пелистер како а слаби снежни врнежи се регистрираат и на ски центарот во Пониква. Врнежи има и на врвот на Галичица но со многи слаб интензитет. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Македонијапат“.

На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

Претпријатието апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни

13.02.2024 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега