Словенечката влада донесе одлука за признавање на Палестина
Словенечката влада објави дека донела одлука за признавање на Палестина како независна и суверена држава, соопшти премиерот Роберт Голоб по владиниот состанок.
Голоб рече дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и најверојатно ќе ја достави мерката до парламентот на конечно одобрување следната недела, објави новинската агенција СТА.
Словенија го следи патот на Ирска, Норвешка и Шпанија. Тие земји официјално ја признаа независна Палестина претходно оваа недела. Шведска го направи тој потег пред десет години.
Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел.
Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа