Скок на цената на нафтата на светската берза

 

Утрово пораснаа цените на нафтата откако во претходните денови паѓаа, па сега на американскиот пазар барел чини околу 98 долари за барел, додека на лондонскиот пазар е околу 101 долар.

Се случи и пад на вредноста на доларот во однос валутите. Тој се движи на околу 98,89 поени, додека вчера во овој период беше 98,87 поени.

Во исто време, курсот на доларот се „лизна“ во однос на јапонската валута од 118,30 на 118,15 јени, но се засили во однос на еврото, па така сега е 1.0965, додека вчера беше 1.0980.

16.03.2022 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега