Скандалите во М-НАВ одекнаа во медиумите во соседството

„Драма во Скопје: Напачи влегоа во контролната кула и претепаа контролори на летање, реагираше и НАТО“

Ова е само еден од денешните наслови кои одекаа во соседна Србија за упадот во М-НАВ кој речиси една недела ја бранува македонскат јавност.

Српските медиуми известуваат за скандалот во Македонска навигација.

Вчера беа разрешени двајца од тројцата директори на ова Акционскерско друштво во државна сопственост. Прво, владата одлучи поранешниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Илир Мехмеди да биде прв човек на М-НАВ, но откако медиумите објавија дека тој не може да ја преземе функцијата поради тоа што не ги исполнува условите, членовите на владата се пишманеа, па предложија ново име.

Хекуран Асани е новиот владин предлог. Тој е активен контролор на летање во Македонска навигација и ги исполнува барата кои се наведени во членот 17 од Статутот на Акционерското друштво.

„Еден од членовите на Управниот одбор ја води, организира и е одговорен за давање на услуги во воздухопловната навигација и носи назив – извршен директор за воздухопловната навигација. Членот се избира од редовите на вработените и мора да има стручни знаења, способности и искуство во организирање и водење на дејноста на Друштвото, да поседува валидна дозвола на надзорен контролор на летање и најмалку шестгодишно работно искуство како надзорен контролор на летање“.

10.01.2024 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега