Скандал во Струга: Директорка на Основно училиште забрани пеење на македонската химна
Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, објави МКД.мк.
Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори.
Според порталот, родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката, а поднеле и претставка до Државниот просветен инспекторат.
На одбележувањето на патронатот основното училиште Браќа Миладиновци во Струга денеска, за малку бил избегнат инцидент откако директорката на училиштето, Албана Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“.
Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа