Симеска Димоска си ги спакува куферите, Државниот пазарен испекторат доби нов директор
На денешната владина седница беше разрешена директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.
Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.
Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот, информираат од Владата во соопштение до медиумите.
14.12.2022 - 20:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа