Силниот земјотрес кој ја стресе Албанија почувствуван и во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
14.01.2024 - 12:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа