Си постирал слики од патот кон Турција – Стефан Димовски татко на две деца и возач на бегалецот Палчо
Како што пренесува ТВ Телма, Стефан Димковски од Струмица, татко на две деца е возачот кој го превезувал Љупчо Палевски Палчо осомничен за убиството на 14 годишната Вања, од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот премин Капетан Андреево.
Попладнево е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани.
Но тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.
Откако бил уапсен на граничниот премин тој детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција по што според извори од истрагата на Телма МВР ја известува турската полиција да го уапси. Димковски е во притвор.
Дополнително, Димковски си објавил и слика со првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа