Шведска е чекор поблиску до членство во НАТО
Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за НАТО, што е клучен чекор кон проширување на западниот блок по 19-месечно одложување за време на кое Анкара бараше отстапки од Стокхолм врзани за тероризмот.
Следниот чекор е гласање во парламентот, кое се очекува да се одржи во рок од неколку недели и таму да биде одобрена кандидатурата.
Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише нацрт-законот, со што ќе заврши процесот што ги фрустрира сојузниците на Анкара и ги тестираше нејзините врски со Западот.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Анкара го ратификуваше членството на Финска, но се спротивстави на Шведска, тврдејќи дека Стокхолм ги штити групите кои Анкара ги смета за терористички.
Унгарија исто така не го ратификуваше членството на Шведска, но Турција се смета за главна пречка за нејзиниот пристап.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа