Швајцарија со одлична вест: Многу поефтино за сите граѓани

 

Швајцарија ќе ги укине царините за увоз на индустриски производи за да ги намалат високите потрошувачки цени.

Увозниците повеќе нема да плаќаат царини за производи за широка потрошувачка и за суровини, полупроизводи и машини.

Ова значи дека државата ќе загуби околу 645 милиони евра годишен приход, но ефектот врз економијата и граѓаните е проценет на 924 милиони евра.

Томас Цимерман, експерт од швајцарското Министерство за економски прашања, рече дека во последните години царинските давачки сочинуваат само околу 1,5 отсто од државните приходи, а тие ја намалуваат конкурентноста на швајцарската  економија  и ги одржуваат цените високи, значително повисоки отколку во околните земји, пишува Блиц.

 

04.01.2024 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега