Штипјанец се обидел да прегази полицаец
Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(44) и Ш.Д.(54), двајцата од Штип, затоа што Љ.Д. се обидел со патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки да удри полициски службеник, а Ш.Д. се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници при преземање на службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
15.03.2024 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа