Шпански министер: Прифаќањето на косовските пасоши не значи признавање на Косово
Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, повтори дека прифаќањето на пасошите на Косово не значи признавање на независноиста, посочувајќи дека таквото тврдење е „подметнато“ од опозициската Шпанска народна партија (ПП).
Во интервју за Перодико де Еспања, Хозе Мануел Албарес рече дека Шпанија не може да се преправа дека „Косово не постои, но тоа не значи дека го признава нејзиниот суверенитет“.
„Таа територија на Косово е дел од Западен Балкан и оди на самитите на Европската Унија со Западен Балкан. Не можеме да се преправаме дека не постои. Но, тоа не значи дека го признаваме нејзиниот суверенитет. Ова не е чекор кон признавање на Косово, тоа не е прво подметнување на ПП. Би ја замолил ПП да престане да објавува лаги за кои знае дека се лаги“, рече Албарес.
Тој објасни и дека Шпанија е една од петте земји-членки на Европската Унија кои не ја признаваат независноста на Косово, а кои ги прифатиле тие пасоши.
Шпанската народна партија (ПП) неодамна побара објаснување од Албарес за тоа дали земјата го променила ставот за прашањето за Косово, како и дали на одлуката за прифаќање на пасошот влијаел притисокот од инвестициските партнери на шпанскиот премиер Педро Санчез.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа