Шолц: Засрамен сум и огорчен од антисемитските инциденти во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц во синагогата „Бет Цион“ во Берлин на 85-годишнината од „Кристалната ноќ“, кога беше извршен големиот погром против Евреите, изјави дека е засрамен и огорчен од неодамнешниот бран антисемитски инциденти во Германија предупредувајќи дека Берлин нема да толерира омраза против Евреите.
„Секој облик на антисемитизам го труе нашето општество“, рече Шолц, кој носеше кипа, традиционалната еврејска покривка за глава.
Шолц ги повика Германците активно да се спротивстават на маргинализацијата или прогонството на Евреите денес.
„И покрај шокантната историја на холокаустот, Евреите продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и исклучување. Ова е срамота. Тоа ме навредува и длабоко ме засрамува“, рече Шолц.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа