Шеќеринска за снимката со Николоски за Усеини: Ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во изборната единица пет, Радмила Шекеринска, денес ги коментираше ново објавените разговори во кои се слуша како носителот на листа во изборна единица четири од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски му вели на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да не се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори со ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, снимката е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори.

„Денеска слушаме дека додека Владата се бори против дивоградбите, конкретно, со конкретни акции, со конкретни дела, некои луѓе ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори. Затоа статусот на УНЕСКО ни беше загрозен, затоа што ВМРО-ДПМНЕ играше политика со дивоградбите, си играше политика со Охрид и го користеше и Охрид и статусот на УНЕСКО, како монета за поткусурување во нивните меѓупартиски битки“, рече Шеќеринска.

Таа тврди дека сега е ставен крај на ваквото однесување.

Ние ставивме точка на таквото однесување и во Охрид и во охридско и во целиот регион, покажавме дека грижата кон нашето национално богатство, без разлика дали е културно или природно нема алтернативна и дека сме подготвени да направиме се, да имаме и политичка волја, да имаме политички резултати, ама и да инвестираме пари, за да она што е убаво стане уште подобро“, додаде носителката на листа во изборната единица пет – Радмила Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега