Шалтерите за издавање на готови документи ќе работат и во сабота
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).
Инаку, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување секој работен ден од понеделник до петок.
22.12.2023 - 16:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа