Северна Македонија отвора почесен конзулат во Едрене

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го отвори првиот почесен конзулат на Република Северна Македонија во регионот на Едрене, Република Турција.

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба и со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со наши студенти кои студираат на Универзитетот Тракија во овој град.

Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Северна Македонија и овој регион на Турција, соопшти МНР.

Почесен конзул на Република Северна Македонија во Турција со јурисдикциско подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, со седиште во Едрене, е Есер Џевахир. 

23.12.2022 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега