Семејна драма во неготинско: Приведен 28-годишник, братот го пријавил дека му се заканувал со остар предмет

 

Лишен од слобода бил жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет, информираа од СВР Велес. 

- Вчера во 16:20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.А.(28) од неготинско село, по претходна пријава од неговиот 22-годишен брат, дека во семејниот дом додека имале вербална распарвија, С.А. му се заканувал со остар предмет. С.А. бил задржан во полициска станица, предметот бил одземен и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес. 

14.07.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега