Селани до смрт го претепале серискиот убиец на деца познат како Кениски вампир

Група селано го нашле и го убиле човекот кој призна дека убил повеќе од десет деца, а кој избега од затвор пред неколку дена во Кенија, пренесува Би-Би-Си.

Дваесетгодишниот Мастен Вањала бил фатен и претепан до смрт од селаните, соопшти тамошната полиција.

Тој призна дека убил повеќе од десет деца во период од пет години, а откако не се појави на суд пред два дена, полицијата започна голема потрага.

Покрај тоа што ги убил, тој признал дека ги дрогирал и пиел крв од некои деца, поради што го нарекоа вампир.

Наводно, тој се вратил во куќата на неговите родители, кои се откажале од него, а подоцна го задавиле соседите кои дознале дека е таму, изјавил очевидец за кенискиот весник „Стандард“.

Не е јасно како успеал да стигне од Најроби до неговата селска куќа во оддалечен дел од земјата.

Вањала беше уапсен во јули и оттогаш беше во затвор.

15.10.2021 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега