Се уриваат сите рекорди во зголемување на трошоците на земјоделството: Само вештачкото ѓубре поскапело за 58 отсто

 

Земјодлеското производство поскапува. за една година трошоците на земјоделците поскапеле за близу 20 отсто, што влјаело и земјоделците да ги зголемат цените на своите производи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците во земјодлеството се зголемени за 19,9 отсто за една година, а цените на земјолските производи се зголемени за 10,3 отсто.

Според овие податоци зголемување на цените има кај  тековно потрошените средства за репроматеријали од 20,5 отсто и кај инвестициите каде што зголеммувањето е за 10,9 отсто.

Во однос на цените на земјодлеските производи за една година растителното поризводство поскапело за 7 отсто, а добиточното за 20,5 отсто.

Во однос на трошоците најголем пораст на цените има кај вештачките ѓубрива кои за една година поскапеле за 58,1 отсто, енергијата горивата и мазивата поскапеле за 27,4 отсто и семенскиот материјал кој поскапел за 10,4 отсто. Во овој период поскапела и добиточната храна за 16,1 отсто, ветаринарските услуги за 0,7 отсто како и другите стоги и услуги кои ги користат земјодлеците за приближно 16 отсто.

Најголем пораст на цените во земјодлексото производство има кај житата и оризот од 43.1 отсто и кај компирот кој поскапел за 26,5 отсто. Поскапело и виното, индустриските растенија и зеленчукот.

Кај добиточното производство пораст има кај цените на живинарското производство од 30,2 отсто, а пораснала и цената на добитокот за колење.

16.11.2022 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега