Се судриле „ауди Q7“ и „опел корса“- еден од возачите со тешки повреди пренесен на Клиника

Едно лице било повредено откако се судриле ауди Q7“ и опел корса“ во Скопје.

-На 21.01.2021 во 22.50 часот на ул.„Јустинијан Први“, после крстосница со ул.„Малешевска“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди Q7“управувано од А.А.(21) од Скопје и патничко возило „опел корса“управувано од И.В.(37) од с.Морани, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки, соопштуваат од МВР.

По незгодата, И.В. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа