Се реновираат тоалетите во ООУ „Свети Климент Охридски“ во селото Драчево

Се реновираат тоалетите во основното училиште „Свети Климент Охридски“. Ова училиште, со својата стогодишна традиција, претставува значаен образовен центар во селото ДрачевоПроектот има за цел да ги унапреди условите за учениците во периодот додека биде завршен новиот објект кој се наоѓа во непосредна близина и чија изградба неодамна започна. Старата училишна зграда, потоа ќе биде пренаменета за други образовни или културолошки цели, со што ќе се обезбеди продолжување на нејзината вредност за овој дел од градот Скопје.

-За Општина Кисела Вода инвестирањето во образованието на учениците е клучен приоритет. Обновата на тоалетите во ООУ “Свети Климент Охридски” е дел од нашата стратегија за унапредување на условите во образовните институции. За 1,5 до две години, ќе биде завршена и новата зграда за ова училиште, по што учениците ќе добијат модерни услови, а стариот објект ќе остане да функционира со друга намена. Покрај овој проект, во тек е и реновирање на тоалетите во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, а во ПОУ “Рајко Жинзифов” во Пинтија се гради нова спортска сала. Се надеваме дека овие инвестиции и сите кои ќе уследат по нив, ќе придонесат за подигнување на квалитетот на образованието и развојот на нашите млади генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

08.08.2024 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега