Се продава познатото студио за видео игри за речиси милијарда долари
Познатото студио за видео игри Codemasters наскоро би можело да премине во сопственост на компанијата Take-Two Interactive.
Најпознати во светот на тркачките видео игри, во портфолиото на британското студио Codemasters се наоѓаат одлични наслови како Dirt Rally, но и лиценци за Formula 1.
Моменталната понуда на компанијата Take-Two изнесува 973 милиони долари. И натаму не е ништо дефинитивно договорено, но како што пренесува PC Gamer, двете компании се пред постигнување на договор.
Неодамна Codemasters ја најавија својата најнова видео игра Dirt 5.
11.11.2020 - 23:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа