Се огласија од МЗ за апсењето на директорот: Што побрзо да се расчисти случајот

 

Се огласија од Министерството за здравство по случајот со уапсен директор на здравствена установа поради поткуп. 

- Министерството за здравство се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа. Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност, велат од ресорното министерство. 

Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи, додаваат оттаму. 

08.04.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега