Се огласија од Фејсбук: Открија кога да очекуваме нормализирање на апликацијата
Бројни корисници на Инстаграм, Воцап и Фејсбук во моментов имаат проблеми со овие популарни аплаикации.
Се чини дека Инстаграм „падна“ бидејќи многу луѓе не можат да ја користат апликацијата.
Неколку корисници на Твитер пријавиле дека оваа апликација не работи правилно.
Воочено е дека апликацијата паднала и не вчитува ниедна објава.
Од Фејсбук се огласија и на социјалната мрежа Твитер.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот на нашите апликации и производи. Работиме на тоа работите што побрзо да се вратат во нормала и се извинуваме поради непријатностите“, стои во објавата.
We’re aware that some people are having trouble accessing our apps and products. We’re working to get things back to normal as quickly as possible, and we apologize for any inconvenience.
— Facebook (@Facebook) October 4, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа