Се огласи таткото на Ѓоковиќ: „Заврши обидот за 'атентат' на најдобриот, 50 куршуми во градите на Новак“

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот, разочаран е од одлуката на судот во Австралија да ја укина визата на неговиот син и да го депортираат.

Новак Ѓоковиќ нема да има можност да се бори за 21-от гренд слем во кариерата, откако по вторпат му ја укинаа визата, а потоа таа одлука ја потврди и Сојузниот суд во Австралија.

Местото на Ѓоковиќ на ждрепката ќе го заземе петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев, и во првото коло ќе игра против сонародникот на Ѓоковиќ - Миомир Кецмановиќ, известуваат агенциите.

Покрај тоа, Ѓоковиќ ќе сноси трошоци за судењата, а му се заканува и тригодишна забрана за влез во земјата.

Со ваквиот епилог разочаран е и Срѓан Ѓоковиќ кој на Инстаграм споделил порака:

„Заврши обидот за атентат на најдобриот спортист на светот, 50 куршуми во градите на Новак – тој после сè им и натаму им дава поддршка на играчите, му дава поддршка на младиот играч од 17 години. Ете тоа е Ноле, човек брат... Се гледаме во Париз“, навел Срѓан Ѓоковиќ.

16.01.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега