Се огласи градоначалникот на Битола: Нема да има втора смена настава

 

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски информираше дека утрово, добил информација за дојави за поставени бомби во основните училишта: „Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Ѓорги Сугарев“, „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ (централното училиште и подрачните во Долно Оризари и Карамани и училиштето „Александар Турунџев“ во село Кукуречани.

„После добиените информации за поставени бомби во 7 основни училишта во општина Битола, воспоставена е постојана комуникација со директорите на основните училишта и полициските службеници. лагодарение на брзото постапување, сите ученици, наставниот кадар и другите вработени во училиштата, се евакуирани на безбедно место, а настава во втора смена во овие училишта нема да има“, пишува градоначалникот.

Во меѓувреме, од страна на полицијата се преземаат потребните мерки за проверка на дојавите.

„Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и прописи за постапување во овие случаи. Општина Битола е во постојана комуникација со СВР Битола, а сите општински ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на проверките во сите основни училишта“, додава Коњановски.

16.12.2022 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега